Франсис Фанон, помошник државен секретар на САД за енергетски ресурси, во интервју за „Капитал.мк“ изјавил дека е дојден тука за да оствари крупни енергетски регионални проекти што е планирано да се вкрстат токму во Скопје.
Тој е директен во пораката дека идејата е создавање на вистински енергетски пазар со отворање на други можности за набавка на енергенси што до сега традиционално се обезбедуваа од Русија.
Според него, некои држави, вклучително и С. Македонија имаат историски предизвици пред себе.
„Но, мора да се признае овој позитивен моментум. Ова е голем напредок после толку години. Членка на НАТО, пред преговори со ЕУ. Ова е огромен, огромен напредок. Секој од овие чекори го зголемува нивото на одговорност и на очекувања од Владата, од континентот… и ова создава едно целосно ново охрабрување во коешто ние сакаме да учествуваме и да бидеме партнери“, смета Фанон.