Фановите го искритикуваа раперот поради односот со својата ќерка

208 прегледи

Раперот ЈиЏи (YG) предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако објави кратко видео на Инстаграм, кое сега е веќе избришано, на кое на тригодишната ќерка и дава да придржи ќеса со марихуана и и вели да ја мирисне.

Ќерката невино претпоставила дека се работи за брокула, на што раперот се насмеал. И покрај тоа што марихуаната е легална во Калифорнија, видеото успеа да вознемири многумина од фановите на раперот, кои останаа шокирани со фактот дека малото девојче било изложено на дрога од толку мала возраст.

Некои дури коментирале дека поради видеото би можел да има проблеми со социјалните служби. Од друга страна, дел од фановите застанаа во одбрана на раперот, велејќи дека има право да ја гледа ќерка си како што сака.

Не некои тоа им беше смешно, додеа други коментираа дека во некои делови од светот ова видео не би било невообичаено.

Раперот се уште не се огласил во врска со видеото.

Слични содржини