Фановите сакаат Диего Симеоне да го преземе ПСЖ

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Фановите на ПСЖ сакаат тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Сименоне да го преземе францускиот клуб, гласат резултатите од спроведената анкета на француското издание „L’Équipe“.

Според различни извори, фаворитите за постот се Маурисио Почетино и Антонио Конте, но анкетата покажа друго.

Според резултатите од гласањето, намногу гласови собра Диего Симеоне – 28%. Следуваат Карло Анчелоти и Антонио Конте, а четврти е Маурисио Почетино.

Потсетуваме дека по елиминацијата на ПСЖ од Лигата на Шампионите, медиумите во еден глас велат дека Унаи Емери ќе биде ослободен од својот пост по крајот на сезоната.

Слични содржини