Фараж го изгуби радио-шоуто откако ги спореди демонстрантите против расизмот со Талибанци

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Британскиот евроскептик Најџел Фараж го загуби дневното шоу на националното радио „ЛБЦ“, затоа што го спореди рушењето на споменикот на трговецот на робови за време на антирасистичките демонстрации во Англија со дејствувањето на Талибанците.

Радиостаницата објави преку Твитер дека по разговорот, Најџел Фараж решил веднаш да се повлече од „ЛБЦ“. Како што е наведено, контакт со лидерот на партијата „Брегзит“ и поранешниот шеф на антиимиграциското движење „Укип“ е направен многу брзо.

„The Nigel Farage Show“, двочасовна емисија која се емитува пет пати неделно, ќе биде откажана откако нејзиниот аниматор, љубител на провокации и изненадувања, даде коментари кои беа оценети како несоодветни за време на една телевизиска емисија минатиот викенд. На прашањето за антирасистичките демонстранти, кои ја фрлија во реката во Бристол статуата на Едвард Колстон, трговец со робови од 17-ти век, Фараж ги спореди акциите со Талибанците кои разнесеа стара статуа на Буда во 2001 година во Авганистан.

„Талибанците сакаат да ги разнесат и уништат историските споменици од друга ера со која не се согласуваат“, рече Фараж во телевизиското интервју, кое предизвика бројни реакции. „Она што го видовме овој викенд е најлошиот пример на законот за народот“, додаде тој.

Акцијата предизвика национална дебата за иднината на другите споменици, кои се сметаат за симболи на колонијалното минато на Велика Британија.

Демонстрантите против полициската бруталност во Бристол го извадија споменикот на трговецот со робови Колстон, го влечеа низ улиците и на крајот го фрлија во реката Ејвон. Сето ова се случи со одобрение од собраните. Фараж сè уште не го коментирал неговото заминување од радиото.

Во пораката на Твитер утрово, 56-годишниот Фараж испрати видео со кое се прикажува напад на двајца полицајци во Лондон, што беше осудено од Министерството за внатрешни работи, а Фараж во коментар напиша дека тоа е „резултат на омраза кон полицијата“.