Фараж во политичката програма бара укинување на Домот на лордовите и нов Устав на Британија

од Aleksandar Petrovski
154 прегледи

Лидерот на британската евроскептична партија „Брегзит“ Најџел Фараж денеска ја изнесе програмата на својата партија за изборите закажани за 12 декември.

Во неа тој повикува на „ политичка револуција“ која вклучува пишување нов Устав за Велика Британија, укинување на Домот на лордовите, повеќе јавни референдуми и намалување на имиграцијата на под 500.000 лица годишно, што е помалку од четвртина од сегашните бројки.

Партијата, која беше формирана претходно годинава, во моментов нема ниту едно место во парламентот.

Партијата кандидира свои претставници за речиси 300 пратенички места, но се повлекоа од 317 изборни окрузи во кои доминираат конзервативците за да се избегне поделбата на гласовите во корист на Брегзит.

-Без нас нема да има вистински Брегзит, рече Фараж.

Слични содржини