Фармацевт ги сподели знаците на болеста од која страдаат Лејди Гага и Морган Фримен

од Stefanija Kuzmanovska
485 прегледи

ФИБРОМИАЛГИЈА е долгорочна состојба која предизвикува болка низ целото тело. Обично ги погодува луѓето на возраст од 25 до 55 години, но на Морган Фримен му била дијагностицирана по сообраќајна несреќа во 2008 година, кога имал 71 година.

Точната причина за состојбата е непозната, но се смета дека е поврзана со абнормални нивоа на одредени хемикалии во мозокот и промени во начинот на кој централниот нервен систем ги обработува пораките за болка.

Клучниот симптом е распространетата болка, но фармацевтот Ноел Викс сподели за „Експрес“ некои други предупредувачки знаци за оваа болест.

„Луѓето исто така можат да почувствуваат вкочанетост и чувствителност во мускулите, тетивите и зглобовите. Експресивен замор, слаб квалитет на спиење, проблеми со меморијата и концентрацијата се исто така чести. Заболените можат да станат несмасни, да страдаат од вртоглавица, да им биде премногу топло или премногу ладно; тие можат да имаат болни менструации, синдром на немирни нозе или трнење во рацете и нозете“, наброја тој.

Симптомите предизвикани од фибромијалгија варираат од личност до личност и можат да дојдат и да си одат, како и да се подобрат и влошат. Иако знаците веројатно нема целосно да исчезнат, третманот може да помогне да се ублажат.

„Покрај лековите за болка, вежбањето е многу корисно за фибромијалгија“, истакнува Викс.

Освен Морган Фримен, од славните личности кои боледуваат од фибромијалгија се издвојува и Лејди Гага која веста за тоа ја објави во 2017 година.

Слични содржини