Ако ви е преку глава од Бред и Енџи и од Џони и Амбер, Холивуд веќе си има нова супер жешка и влијателна актерска двојка.6837b6cbe53f4679eacdb256afcb4810

Тоа се Мајкл Фасбендер и Алиша Викандер кои освен што се вљубени еден во друг, секој од нив одделно доби номинација за овогодинешните “Оскар” -и.

38-годишниот Мајкл и 27-годишната Алиша се заедно токму една година, а се заљубија на сетот на филмот “The Light Between Oceans“, кој беше снимен во Австралија минатата зима.

Инаку тој е номиниран во категоријата најдобар актер за драмата “Стив Џобс“, а таа е номинирана за актерка во најдобра споредна улога за учество во “Девојката од Данска

Според очевидци (а и според папараците) двајцата не престанале да се држат за раце и да се милуваат на церемонијата “Златен глобус” пред неколку дена, иако на црвениот тепих минаа поединечно.

Во октомври се појавија гласините дека двајцата се разделиле поради напорните работни планови, но како што се гледа, тоа не е вистина.

Допрва ни претстои да видиме уште од оваа прекрасна двојка кај која хемијата е опиплива.

Фото: Splash News

Слични содржини