Фашистички скандал во италијанскиот фудбал: Салутирање и скандирање (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
539 прегледи

Хуан Бернабе, шпанскиот дресер на орлови, кој беше задолжен да се грижи за маскотата на италијанскиот фудбалски клуб Лацио, е суспендиран откако се појави видео на кое се гледа како изведува фашистички поздрав.

Италијанската јавност доживеа жесток шок откако објавеното видео беше снимено по натпреварот во Серија А против Интер.

Група навивачи на Лацио, клуб кој носи етикета блиска до фашистичката идеологија, му скандираа на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини додека Бернабе одеше по атлетската патека носејќи го орелот.

„Дуче, Дуче!“, скандираа фановите.

Бернабе реагираше позитивно, со салутирање и скандирање, што предизвика голема бура во Италија.

На ова реагираше претседателот на Унијата на италијанските еврејски заедници, Ноеми Ди Сењи, кој рече дека е неопходна реакцијата на властите.

„Однесувањето на дресерто на орелот Олимпија, симболот на Лацио, не остава простор за сомнеж. Фашистите и тие што мразат мора да бидат исфрлени со фудбалот“, изјави Ди Сењи.

Клубот реагираше, а Бернабе беше суспендиран.

„Тој не е вработен во клубот, неговото однесување го навреди клубот, навивачите и вредностите на општеството. Презедовме мерки, го суспендиравме и ќе размислиме за раскинување на договорот“, се вели во соопштението на Лацио.

Лацио има голем проблем со фашистичките испади, почнувајќи од познатиот случај со фудбалерот Паоло Ди Кани кој салутираше трибините, а членовите на групата Иридучибили предизвикаа голем скандал во 2019 година со слично однесување во Глазгов.

 

Слични содржини