Група од демонстрантите се обиде да го пробие полицискиот кордон на протестот во Охрид по повод отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.
„Фашизмот мора да падне“; „Со фашисти не сме исти, ние сме антифашисти“, беа само дел од транспарентите кои се носеа на протестите.
Демонстрантите удираат со јајца по објектот кoj се наоѓа на 20 метри од куќата во која што во 1941 година воениот суд на бугарскиот фашистички окупатор осуди група партизани на чело со Лазар Колишевски на смрт со бесење поради организирање оружено востание против окупаторот.
Покрај активисти на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, голем број на охриѓани се приклучуваат на протестот.