Фатални последици: Шест сигнали кои укажуваат дека следува срцев удар

Пред секој срцев удар телото ни праќа сигнали кои никако не смееме да ги игнорираме. Доколку ги сфатите сериозно и навреме се консултирате со лекар, исходот немора да биде фатален.

Овие шест знаци јасно укажуваат дека ви претстои срцев удар:

1. Болка во грбот, рамената, вратот, вилицата и рацете
Болката може да се појави одненадеж, да ве разбуди во текот на ноќта. Ваква болка не смеете да игнорирате.

2. Силна болка во стомакот и мачнини
Често оваа болка се препишува на метаболизмот, па се занемарува. Доколку почувствувате необјасниво силен притисок во стомакот или желудникот, обавезно појдете на лекар.

3. Ладна пот
Ова е чест проблем кај жените. Меѓутоа, доколку порано не ви се случувало да имате наплив на ладна пот, појдете на лекар.

4. Вртоглавица и краток здив
Оние кои доживеле и преживеале срцев удар, често велат дека овој симптом им останал во сеќавање. Чувство како да истрчале маратон и не можат да дојдат до здив.

5. Умор
За состојбата пред срцевиот удар карактеристична е појавата на изненадувачки умор.

6. Притисок и болка во градите
Доколку левата страна од градите ви трне, чувствувате голем притисок, болка и песцкање и доколку болката не помине за неколку минути, обавезно повикајте доктор.

Слични содржини