Фатен бегалец од „Идризово“

од Nikola Popovski
44 прегледи

Денеска (22.10.2024) во 08.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Б.(41) од Тетово. Тој бил осуден на осум години казна затвор за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба заради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје, каде што имал за доиздржување една година и шест месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје за доиздржување на казната.

Слични содржини