Фатен дилер при претрес во Центар

од Nikola Popovski
211 прегледи

Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија го лишија од слобода М.Н.(58) од Скопје.

По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба, во текот на вчерашниот ден, беше извршен претрес во дом и дополнителни два објекта кај М.Н., на подрачјето на Центар, при што е пронајден кокаин, подготвен за улична продажба и три дигитални ваги.

Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слични содржини