243
СВР Охрид информира дека уапсено е лице кое украло гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид.
-Синоќа кратко после полноќ приведен е Н.С.(59) од селото Требеништа, општина Дебарца. Тој бил затекнат при кражба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид и пронајдени му се две пластични туби со околу 50 литри гориво, велат од полицијата.
МВР ќе поднесе соодветна пријава против него.