Фатен крадец од Скопје, украл пари од туѓ автомобил

од Берта Китинска
578 прегледи

Полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода М.И.(36) од Скопје, за постоење основи на сомнение дека околу 16 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ одзел пари од возило „Ауди“.

-Возилото е во сопственост на В.З.(45) од Скопје. Одземените пари биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, информира Министерството за внатрешни работи.

М.И. е приведен, а по целосно документирање на случајот МВР против него ќе поднесе соодветна пријава.

Слични содржини