Фатен на радар: Со „ауди“ возел 229 км на час на автопатот Куманово – Скопје – Велес (ФОТО)

од Берта Китинска
327 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (19.09.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 191 возило.

Возач на „ауди“со странска регистарска табличка на вчерашниот радар на  автопатот Куманово – Скопје – Велес бил  регистрирна како движи брзна со 229 километри на час.

Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Слични содржини