Фатен со 110.000 евра во автомобил, МВР го приведе оти немал потврда за нив

од Nikola Popovski
319 прегледи

Полицијата уапси велешанец кој со себе имал повеќе од 110.000 евра без доказ од каде му се парите.

Настанот се случил вчера околу 12.12 часот на патот Македонски Брод –Прилеп, на место викано „Суводолска крстосница”, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода М.Н.(52) од Велес.

-При преглед во возилото „мерцедес” со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 30.000 евра и 5.200.000 денари за кои немал никаква потврда.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Битола.

Слични содржини