Фатен возач на „Сејф Сити“ како „лета“ со 231 км на час!

Од следната година системот ќе профункционира на целата територија на Македонија

од Nikola Popovski
4 прегледи Фото: МВР

„Камерите од системот „Сејф сити“ го регистрирале рекордерот во брзо возење – 231 км/ч на скопската обиколница на први декември“ – ова беше соопштено синоќа од припадничка на полицијата. Според началничката на Секторот за сообраќајни работи, Маја Арсовска-Манов, системот „Безбеден град“ сега функционира на целата територија на Градот Скопјe и наскоро ќе се прошири и во други градови.

„Електронскиот систем за откривање на сообраќајни прекршоци е активиран. До крајот на месецот планираме истиот систем да го ставиме во функција во Куманово и Тетово, додека од следната година ќе се имплементира на целата територија на државата“, изјави Арсовска-Манов.

Таа додаде дека во моментов нема целосна статистика, бидејќи секојдневно пристигнуваат пријави од граѓани и екипи веднаш излегуваат за да ги поправат дефектите на камерите.

„Сè уште е рано да се пресметува. Потребно е време за да се имаат точни анализи и да се видат ефектите од системот“, нагласи Арсовска-Манов во емисијата „Топ тема“.

Само во првите 24 часа забележал 110.000 прекршоци. Веќе следниот ден бројката паднала на 50.652, што укажува дека многу возачи веќе почнале да „стапуваат на сопирачка“. Најмногу – 4.300 прекршоци за брзо возење се регистрирани на излез од Скопје кон Тетово, како и на булевар „Никола Карев“ – 3.000 прекршоци.

„Локално“ вчера пишуваше на темата која ги засегна граѓаните и предизвика многу реакции. За дел од експертите, крајно време е да се спречи брзото возење и некултурата во сообраќајот. Сепак, сметаат дека може да се прошири прагот на толеранција, барем до 3 километри на час, за да се елиминира еветуална опасност од неточно мерење на брзината од мерните инструменти.

Проф. Крстаноски за „Безбеден град“: Праг на толеранција не се дава за да возачите возат со поголема брзина од дозволената, туку за да се елиминира евентуална опасност од неточно мерење од мерните инструменти