384
Денеска (30.01.2022) во периодот од 10.00 до 15.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 136 возачи. Од нив 93 на територија на Тетово, а 43 на територија на Гостивар. Од овие 136 казнети возачи, 50 возеле со брзина од над 50 километри на час над дозволеното, а дури 10 со над 70 километри на час над дозволеното.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР љпелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.