138
Полициската станица Центар расчисти кривично дело „тешка кражба“ сторено на 17.04.2023 во објект во изградба на ул.„Јосиф Јосифовски Свештарот“ во Скопје, при што биле одземени повеќе предмети.
Поради сомнение дека го извршиле делото од слобода биле лишени Д.Р.(19) и Д.К.(20), двајцата од Скопје. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.