164
По преземени оперативни мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, на 25.11.2022 лишени од слобода биле Џ.М.(18) и Д.М.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден на Кеј “Димитар Влахов“ во Скопје извршиле разбојничка кражба врз С.Б.(26) и му одзеле пари.
По лишувањето од слобода, кај нив бил пронајден нож на преклопување, како и пари во различни апоени, а кои што потекнувале од извршеното кривично дело.
По насоки на надлежен обвинител од ОЈО Скопје од страна на оштетениот и уште едно лице сведок било извршено препознавање, а по целосно документирање на случајот против осомничените ќе биде поднесена кривична пријава по член 238 од КЗ на РСМ.