188
Вчера во 15.35 часот на ул.„Манапо“ во Скопје, полициски службеници од Пoлициската станица Карпош лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје.
Тие се сомничат дека во периодот од 08.00 до 15.00 часот со употреба на сила и алат влегле во подрумски простории од згради на ул.„Манапо” и одзеле повеќе предмети од две лица. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.