Фатени млади разбојници непосредно по кражба на пари и возило

од Nikola Popovski
131 прегледи

Денеска (09.01.2023) во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Г.(21) од с.Сингелиќ, скопско и 16-годишник од Скопје.

Тие се сомничат дека околу 10.10 часот пред продажен објект на ул.„Жегљане“ извршиле разбојништво од возило „пежо боксер“, сопственост на фирма.

Имено, тие пред објектот со закана од вработениот дистрибутер А.Ш.(39) од Скопје одзеле пари од дневниот промет, по што заминале со возилото „пежо боксер“, а во с.Стајковци дел од производите префрлиле во друго возило, но набргу биле фатени и приведени.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини