Фатени на српско-македонска граница со дукати и накит вредни околу 13.000 евра

од Nikola Popovski
261 прегледи

На 14.07.2022 година, српските царински службеници во соработка со српската полиција на преминот Прешево спречиле два обиди за пренесување дукати и златен накит, во вкупна вредност од околу 13.000 евра, преку граница без да бидат пријавени.

Како што соопшти Царинската управа на Србија, првиот прекршок бил откриен на излезот од преминот Прешево, кога автомобил „VW Arteon“ со германски регистарски таблички, во кој имало две лица од правец на Македонија кон Германија, бил издвоен за детален преглед.

Иако рекле дека немаат што да пријават, цариникот во преградата за документи пред совозачкото седиште пронашол кутија со вкупно 22 златници-турски лири (дукати).

Слични содржини