Фатени разбојници на Бит Пазар кои ограбиле скопјанец кај МТВ

од Nikola Popovski
178 прегледи

На 01.10.2022 околу 18,00 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е.Д.(23) и Џ.И.(22), женско лице, двајцата од Скопје затоа што во 15.56 часот во СВР Скопје Р.Б.(26) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, кај МТВ, му одзеле пари и му нанеле повреда со остар предмет.

По извршениот претрес кај пријавените пронајден е нож и пари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини