„Фатено е лудило“: Директорот на АД за станбен и деловен простор најави намалување на цените на становите

од Nikola Popovski
311 прегледи

Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Зоран Ѓоргијев вели дека има некое намалување на градежните материјали и дека цените на становите ќе одат надолу.

-Ние како државна фирма сме регулатор на цената, па затоа сега ќе отпочне градба во стара воена пекара, за да можеме на ова лудило што е фатено во државата и во цел регион околу цената на квадратен метар, да му бидеме некаков регулатор. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад, рече Ѓоргијев по денешниот увид во градежните работи за изградба на зградата за 312 социјално загрозени семејства во Бутел.

Тој истакна дека цените се утврдуваат од Биро за судски вештачења, па одат на Влада, а потоа на јавен оглас за да може да се наддава за цената.

-Не само кај нас, во цел регион и цел Балкан, па и низ цела Европа цените се нереални, додаде Ѓоргијев.

Слични содржини