Американскиот експерт за пандемии, Ентони Фаучи вели дека го задржува своето предвидување дека безбедна и ефикасна вакцина против коронавирус ќе биде готова на почетокот на 2021 година.
Тој за „CBS“ рече дека ќе знаеме колку далеку сме стигнале со вакцината до крајот на оваа календарска година и дека треба да очекуваме сериозен почеток на вакцинацијата на почетокот на 2021 година.
Фаучи вели дека е вообичаено истражувањето на вакцините да се забави во доцна фаза поради несакани ефекти. Истражувањето на „AstraZeneca“ за потенцијална вакцина за коронавирус е стопирано од безбедносни причини откако на еден од тест пациентите му се слошило по приемот на вакцината.
Тој вели дека тоа е „навистина еден од безбедносните вентили што ги имате во вакви клинички испитувања“.
Фаучи додава дека луѓето треба да бидат претпазливи и да се придржуваат кон мерките против ширење на вирусот, носење маски, одржување на физичка оддалеченост и избегнување на гужви со цел да се спречи зголемување на бројот на заразени лица, пренесува Фена