Водечкиот имунолог во САД, Ентони Фаучи, ги отфрли резултатите од прелиминарната студија во која се наведува дека вакцината на „Модерна“ е поефикасна во спречувањето делта сојот отколку вакцината на „Фајзер“.
Запрашан за студијата на биотехнолошката компанија „Nfrence“, која се наоѓа на престижната клиника „Мајо“, Фаучи рече дека тоа е „студија која не ја поминала рецензијата“, објави „Дејли меил“.
„Не се сомневам во она што го виделе истражувачите, но има многу збунувачки варијабли. Јасно е дека треба да ги убедиме луѓето да добијат бустер доза на вакцината што веќе ја примиле“, рекол Фаучи за Си -Би -Ес.
Истражувачите од клиниката „Мајо“ во Рочестер, Минесота, утврдија дека вакцината на „Фајзер“, која е најраспространета во САД, е 42 проценти ефикасна во спречувањето на инфекцијата, додека вакцината на „Модерна“ е 76 проценти ефикасна.