286
Ентони Фаучи, водечкиот експерт на американската влада за заразни болести, ги предупредил Американците откако фармацевтската компанија Модерна објави дека нивната вакцина е ефективна дури 95%.
Фаучи во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека секоја вакцина против коронавирус ќе биде „дополнителен слој на заштита“.
„Се разбира, со вакцината која има ефикасност поголема од 90%, можеме да се чувствуваме многу подобро. Но, јас сепак би им препорачал на луѓето,откако ќе бидат вакцинирани, да продолжат да ги почитуваат другите мерки за јавно здравје како што се миење раце, носење маски и држење на растојание“, вели Фаучи.
Во светот има над 55 милиони заразени со Ковид-19.