Фаучи: Можно укинување на обврската за носење маски во затворен простор

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Водечкиот американски имунолог и медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, објави дека наскоро ќе се променат упатствата за носење маски во затворен простор.

Како гостин на програмата на ABC News, Фаучи на прашањето дали е време да се започне либерализацијата на таа мерка, одговори дека смета дека е, пренесува Си-Ен-Ен.

„Мислам дека веројатно ќе го видите тоа додека одиме понатаму и додека се повеќе луѓе се вакцинираат“, рече Фаучи, кој е и директор на Националниот институт за алергија и заразни болести.

Тој најави дека Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ќе ги ажурира своите упатства затоа што се повеќе Американци се вакцинираат.

ЦДЦ ги олесни упатствата за носење маски на отворено минатиот месец, но продолжува да ги советува и оние кои биле вакцинирани и оние кои сè уште не се да носат маски во затворени јавни простори како што се трговски центри, кина или музеи.

Слични содржини