Фаучи му ја откри на Бајден главната тајна за борба против короната

од Stefanija Kuzmanovska
444 прегледи

Главниот американски имунолог Ентони Фаучи и член на кризниот штаб за борба против коронавирусот во администрацијата на Трамп, денес апелираше до новоизбраниот претседател Џо Бајден „да ги затвори кафулиња што е можно поскоро, но да не ги затвора училиштата“.

Според „Индипендент“, повикувајќи се на изјавата што Фаучи ја дал за ABC News, кога докторот бил запрашан како би ја советувал администрацијата на Бајден да се бори против пандемијата, тој навел:

„Не го велам ова само за да кажам нешто: Затворете ги кафулињата и оставете ги училиштата отворени. Немате едно решение за сите можни ситуации, но како што реков претходно, децата треба да се вратат на училиште, со причина”, рече Фаучи.

 

Слични содржини