Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи денес изјави дека најверојатно ќе биде потребна уште една доза на вакцина против коронавирус до крајот на оваа година за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Тој за CBS изјави дека научниците ќе ги следат податоците за вирусот и можните видови, пренесува АП.
Фаучи исто така ги повика Американците да продолжат да ги следат упатствата издадени од Центарот за контрола и превенција на болести и додаде дека оние кои не се целосно вакцинирани, сепак мора да носат маски.