Фаучи: Повеќето Американци ќе бидат вакцинирани до средината на летото

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави денес дека очекува вакцинирањето на општата популација против КОВИД-19 да започне кон крајот на март или почетокот на април и дека повеќето Американци ќе бидат вакцинирани до средината на летото.

Тој за емисијата „Добро утро Америка“ рече дека ќе бидат потребни околу четири месеци за сите Американци кои сакаат да се вакцинираат.

Вакцинацијата, во која приоритет имаа здравствените работници и старите лица, започна во САД минатата недела.

Фаучи планираше да се вакцинира денес со вакцина произведена од „Модерна“.

Тој рече дека е можно новиот тип на КОВИД-19 што се појави во Велика Британија да стигнал до Америка.

Оцени дека забраните за патување се непотребни и „прилично драконски“ и дека тестирањето за оние кои сакаат да патуваат од Велика Британија може да биде подобро решение.

Фаучи повторно ги замоли Американците да се откажат од вообичаените планови за Божиќните празници оваа година, бидејќи бројот на заразени продолжува да расте низ целата земја.

Слични содржини