
Д-р Ентони Фаучи, најголемиот експерт за заразни болести во САД, изјави денес дека работната група задолѓена за прашања за коронавирусот во Белата куќа „сериозно размислувала“ за групно тестирање за „Ковид-19“ и призна за „Вашингтон пост“ дека сегашната стратегија за тестирање се покажала како несоодветна.
Предлогот сè уште се разгледува и не се очекува да биде објавен на брифингот на работната група подоцна во текот на денот, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен.
Иако претседателот Доналд Трамп повеќе пати ја отфрла потребата за зголемено тестирање, а минатата недела предложи застој на тестирањето, има се повеќе и повеќе потврдени случаи.
„Нешто не функционира“, рече Фаучи за сегашниот пристап на нацијата.
Групно тестирање работи со комбинирање на неколку примероци, а потоа комбинираните примероци се тестираат со единствен дијагностички тест.
На овој начин, група на, 25 лица, може да се тестираат со еден тест, а не со помош на 25 одделни дијагностички тестови. Ако резултатот е негативен, тогаш 25 лица се елиминираат со еден тест. Ако резултатот е позитивен, луѓето повторно се тестираат индивидуално.
Минатиот месец, локалните здравствени власти во кинескиот град Вухан изјавија дека успеале да тестираат повеќе од 9 милиони луѓе користејќи 6,6 милиони тестови. Кинеските медиуми објавија дека Вухан користел групен пристап кон тестирање, пренесува Си-Ен-Ен.