Фаучи: Третата доза треба да биде иста како и претходните

од Nikola Popovski

Американците можат да изберат бустер доза која е различна од оригиналните две, но мојата препорака е да се држиме до оригиналната вакцина, рече Ентони Фаучи, водечки имунолог во САД и шеф на медицинскиот советодавен тим на Белата куќа.

„Општо земено, ви препорачуваме да земете бустер доза која е иста како онаа што сте ја примиле“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека, сепак, „од една или друга причина, можете, како што велиме, да мешате дози“.

Американскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека луѓето кои примиле Модерна или Џонсон и Џонсон може да изберат друга доза наместо оригиналната.

Препораката отвори можност за примателите на Џонсон и Џонсон да добијат доза на Фајзер или Mодерна, за кои се покажа дека обезбедуваат поголема заштита во различни студии.

– Сега можете да измешате вакцини, но генерално има повеќе смисла засилувачката доза да биде како првите две – смета Фаучи.

Слични содржини