27
Холандија се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024 откако ја совлада Романија со 3-0.
Коди Гакпо го отвори резултатот на Алијанц Арената во Минхен во 20. минута, а во 83. точка на спорот стави Дониел Мален. Длабоко во дополнителното време, Мален повторно погоди за да го обликува конечниот резултат.
Успехот за „Лалињата“ можеше да биде уште поголем, откако тотално ги надиграа Романците, но промашувањата пред Флорин Ница се редеа едно по друго.
Со исклучок на првата четвртина од играта, Романците не ја одиграа својата најдобра партија и во текот на сите 90 минути не создадоа ниту една 100% шанса за гол.
Во борба за пласман во 1/2-финалето, Холандија ќе се сретне со Австрија или Турција, кои ќе се соочат набргу.