
100
Освен наводната џихадитска Линда од Саксонија, во ирачкиот Мосул се приведени уште три Германки, кои и помагале на блискоисточната радикална група “Исламска држава”, објави националниот дневен весник Die Frankfurter Allgemeine Zeitung.
Тие се од федералните покраини Баден-Виртемберг и Северна Рајна-Вестфалија, објавуваат медиумите. Извори од круговите за безбедност соопштија дека станува збор за жена со мароканско потекло и нејзината ќерка, а исто така и жена, родена во Чеченија. И четирите осомничени поддржувачки на “Исламска држава” се наоѓаат во затвор во Багдад. Властите во Берлин вложуваат напори да ги вратат во Германија, каде што најверојатно ќе бидат изведени пред суд.