На САД повеќе не им останаа ресурси кои би им овозможиле да постигнат успех во Алепо, затоа тие “се ослободија” од градот и го насочија вниманието на ирачкиот Мосул, пишува аналитичарот од германското издание Frankfurter Allgemeine Zeitung Рајнер Херман.

“Победата над ИД во Мосул треба да се компензира поразот во Алепо” – се вели во публикацията.
Востаниците поддржани од САД, не се доволно добро вооружени, за да се спротивстават на сириските војници и руските ВКС, а Вашингтон не се решава на уште една интервенција, се вели во публикацијата. Дури и ако САД сега започнат да ги вооружуваат бунтовниците, испораката на оружје во Алепо е невозможно.
Од излезот на борбите за Алепо зависи иднината на Сирија, затоа Москва ќе биде подготвена за отстапки само тогаш кога режимот на Асад ќе ја поврати контролата над градот, пишува FAZ.
Авторот сугерира дека САД нема да воведуваат нови санкции против Русија, бидејќи во овој случај ќе треба да бидат наметнати рестриктивни мерки во однос на Саудиска Арабија за воените злосторства во Јемен. Не може да се утврди и безполетна зона во Сирија, бидејќи симнувањето на руски авион ќе биде оценето од Москва како објава на војна, резимира Херман.