Бегалската криза промени многу работи. Едно од нив – односот на ЕУ кон Македонија. Сега Брисел дури се заканува на македонски политичари со санкции, бидејќи Скопје не се справи со внатрешните конфликти. Коментар на Н. Бусе од Frankfurter Allgemeine Zeitung.
Европската унија се закани со санкции за македонските политичари кои ги попречуваат обидите да се прекине политичката криза во Скопје. Тоа е премногу невообичаено. Невообичаена, сепак е и ситуацијата во Македонија, а и со значењето што во меѓувреме се здоби малата балканска држава за Европа.
Внатрешните фронтови во Македонија се стврднати до непрепознатливи. Се стигадури и да насилни судири. Кон тоа се додава и латентен конфликт меѓу словенското мнозинство и албанското малцинство, кој во минатото ја доведе земјата до работ на граѓанска војна.
Времињата во кои ЕУ можеше да ги затвора очите за слични внатрешни конфликти, поминаа неповратно по почетокот на бегалската криза. Австрија и другите источноевропски земји-членки ја претворија Македонија во втората надворешна граница на Европа. Неколку недели тоа функционираше добро, но тоа не ја елиминира внатрешната освета во Скопје и ги влоши уште повеќе грчко-македонските односи, кои со години се најголемиот проблем за земјата на патот нејзино кон ЕУ.
Всушност затворениот балкански пат не е толку добро обезбеден, колку им се чини на мнозина.
Николас Бусе, ФАЦ
Frankfurter Allgemeine Zeitung
