Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова соопшти дека добила информација дека ФБИ ги посетува и ги испрашува руските државјани во САД.

Захарова на својот Фејсбук профил напиша дека луѓето кои ги посетиле агенти на ФБИ се во шок затоа што ги распрашувале за Руската Федерација и додава дека „се подготвува огромна политичка бура“.
„Од познаник што живее во САД дознав дека ги посетил ФБИ, како и нивните роднини. ФБИ ги испрашувал за Русија. Луѓето се во шок. Тоа нема да остане само на тоа. Мислам дека се подготвува огромна политичка бура“, напиша Захарова на Фејсбук.