ФБИ започна истрага за кибер нападите врз новинари на „Њујорк тајмс” и на други на американските медиуми, за кои се верува дека се изведени од страна на хакери, кои работат за руската разузнавачка служба.
Нападите биле откриени во последниве неколку месеци, а покрај ФБИ, во истрагата учествуваат и другите безбедносни агенции на САД, пренесува Си-Ен-Ен.
Иследниците веруваат дека зад нападот стојат руски разузнавачи и дека на руските хакерски напади на медиумски организации треба да се гледа во рамките на пошироката серија хакерски напади, чија цел беше и Демократската партија, известуваат американските медиуми.
ФБИ не сакаше да ги коментира овие наводи, а портпаролот на њујоршкиот весник не ги потврди ниту нападите, ниту истрагата