Полицијата во Њу Орлеанс го уби осомничениот кој претходно влетал со возило во група луѓе, при што уби најмалку 10, а рани повеќе од 35. Напаѓачот е идентификуван како 42-годишниот Шамсуд Дин Џабар, американски државјанин од Тексас.
Инцидентот се случи во популарна туристичка област околу три часот наутро по локално време.
Истрагата ја презеде ФБИ, кое наведува дека случајот го истражува како терористички чин.
ФБИ смета дека напаѓачот во Њу Орлеанс не го организирал самиот напад. Две експлозивни направи се пронајдени во францускиот кварт каде што се случи нападот. Џабар беше застрелан во престрелка со полициските службеници.
„Пикапот“ користен во нападот бил изнајмен преку апликацијата Туро, која ги поврзува возачите со сопствениците на возила, изјавил Стив Веб, потпретседател на компанијата.
„Срцето ни е скршено кога дознавме дека едно од нашите возила било вклучено во овој ужасен инцидент. Активно соработуваме со ФБИ“, рекол Веб.
Медиумите јавуваат дека постојат основани сомнежи дека се вмешани уште три лица, кои наводно се обиделе да постават експлозив на местото на нападот.