ФБИ започна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера?

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

ФБИ започна истрага откако Би-Би-Си откри дека поранешниот извршен директор на модниот бренд Abercrombie & Fitch (A&F) сексуално експлоатирал и злоставувал мажи на настани што ги организирал ширум светот.

Мајк Џефрис и неговиот британски партнер Метју Смит веќе се соочуваат со граѓански обвиненија поради наводите дека воделе операција за сексуална трговија со луѓе.

Би-Би-Си дознал дека агентите на ФБИ сега издаваат судски покани и разговараат со потенцијални сведоци. Адвокатот на Џефрис одбил да ги коментира информациите.

Повеќе извори потврдија дека истрагата ја водат агенти на ФБИ специјализирани за сексуални злосторства и федерални обвинители од Источниот округ на Њујорк.

Во октомври, Би-Би-Си објави документарен филм и серија подкасти во кои беа изнесени наводи дека Џефрис и Смит искористувале млади мажи за секс на настани што ги организирале во нивните резиденции во Њујорк и ширум светот во луксузни хотели.

Би-Би-Си откри докази за високо организирана операција

Осум мажи признале за Би-Би-Си дека присуствувале на настаните во градовите вклучувајќи ги Лондон, Париз и Маракеш помеѓу 2009 и 2015 година. Тие тврделе дека Џефрис и Смит се впуштале во сексуална активност со нив или ги „насочувале“ да имаат секс еден со друг.

Документите пронајдени од Би-Би-Си, вклучувајќи билети за летови и маршрути за настани, открија дека имало високо организирана операција во која била вклучена мрежа на регрутери и посредници од Џејмс Џејкобсон. Би-Би-Си го пронајде Џејкобсон, кој сега има 70 години, кој негираше дека сторил нешто лошо.

Би-Би-Си пренесува дека Џејкобсон постојано барал од нивните новинари „да се договорат“, велејќи: „Оставете го моето име на страна и ќе ви кажам сè“. Компанијата A&F соопшти дека се „згрозени“ од наводното однесување на нивниот поранешен шеф.

Џефрис се повлече во 2014 година

Бил суспендиран значителен дел од исплата на пензии во вкупен износ од еден милион долари годишно.

Џефрис се повлече во 2014 година по падот на продажбата и си замина со пензиски пакет вреден околу 25 милиони долари.

Патем, Џефрис се смета за модерен основач на A&F. За време на неговите две децении на чело од 1990-тите, тој ја водеше глобалната експанзија на компанијата и создаде брендови како што се Hollister и Gilly Hicks.

По истрагата на Би-Би-Си, A&F беше обвинет во граѓанска тужба за финансирање на операција за сексуална трговија со луѓе што ја воделе Џефрис и Смит помеѓу 1992 и 2014 година.

Во тужбата се наведува дека додека Џефрис бил извршен директор, тој сексуално злоставувал повеќе од 100 мажи и дека младите мажи биле манипулирани „под маската дека им се дава можност да станат модели“.

Адвокатот на Џефрис одби да ги коментира наводите во граѓанската тужба.

„Судницата е местото каде што ќе се занимаваме со овие прашања“, навел тој.

Слични содржини