ФДА одобри итна употреба на вакцината на „Модерна“ во САД

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ја поддржа итната употреба на вакцината против коронавирус на компанијата „Модерна“. Ова обезбедува втора можност за заштита од КОВИД-19, откако овој Комитет минатата недела, на 11 декември, поддржа итна употреба на вакцината на „Фајзер“. Американската влада нарачи 200 милиони дози вакцини од „Модерна“ и 100 милиони дози вакцини од „Фајзер“. Официјалните лица преговараат за набавка на дополнителни дози.

Одобрувањето на Советодавниот одбор е претпоследен чекор пред официјалното одобрување на вакцината. Официјалното одобрување на ФДА се очекува во петок. „Модерна“ тогаш би започнала да доставува милиони дози, наменети за здравствените работници и жителите на домовите за стари лица.

Во студија спроведена на 30.000 луѓе, вакцината на „Модерна“ се покажала ефикасна во 94 проценти од случаите, обезбедувајќи силна заштита.

На оваа земја очајно и треба уште една вакцина затоа што растат бројот на заразени, хоспитализирани и мртви. Соединетите Американски држави го предводат светот според вкупниот број на заразени лица, со повеќе од 1,6 милиони потврдени случаи и скоро 309.000 пријавени смртни случаи.

По одобрувањето од ФДА, американските власти планираат да достават првична пратка од скоро 6 милиони дози вакцина „Модерна“. Вакцината треба да се чува на редовни ниски температури во замрзнувач, но не и на ултра ладна температура потребна за складирање, како што е случајот со „Фајзер“.

Стотици милиони дополнителни вакцини ќе бидат потребни за вакцинирање на општата популација, што се очекува едвај на пролет или во лето. Американската влада нарача 300 милиони вакцини преку операцијата „Warp Speed“. Официјалните лица преговараат за набавка на дополнителни дози.

Слични содржини