ФДА: Вакцината на Фајзер против ковид безбедна и ефикасна за мали деца

од Stefanija Kuzmanovska
327 прегледи

Експерти од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) објавија дека вакцината Фајзер/Бајонтек против Ковид-19 е безбедна и ефикасна за деца од шест месеци до четири години.

Експертите изјавија дека нема настан што би укажал дека вакцината не е безбедна за употреба кај мали деца.

Анализата на податоците од клиничкото испитување спроведено од „Фајзер“ беше објавена во пресрет на состанокот на надворешните советници на ФДА на 15 јуни. Мислењето на овие експерти ќе биде одлучувачко за одлуката на агенцијата.

Податоците од десет случаи, во време кога омикрон беше доминантна варијанта на коронавирусот, покажаа дека вакцината била 80,3 отсто ефикасна кај групата деца на возраст под пет години.

Вакцинацијата на деца против Ковид-19 на таа возраст не е одобрена во повеќето делови на светот. Нејасно е колку родители ќе ги вакцинираат своите деца, бидејќи интересот бил мал за групата од пет до единаесет години.

Слични содржини