Фејсбук се менува: Од профилот се бришат адреси, политички и верски определби…

од Nikola Popovski

Компанијата Мета најави дека во декември ќе направи одредени промени на корисничките профили, што значи дека адресата, сексуалната ориентација, политичката и верската припадност ќе бидат отстранети од профилот. Овие измени стапуваат на сила од 1-ви декември.

Како причина за овие промени во Мета беше наведено „полесна навигација и користење“ на социјалната мрежа. Оние кои пополниле некои од овие полиња ќе добијат известување за промената.

Другите внесени детали, како што се контактите и статусот на врската, ќе бидат задржани. Фејсбук овозможи преземање на копија од податоците од Фејсбук пред 1-ви декември за оние кои сакаат да ги зачуваат, а сепак ќе може да се контролира што гледаат поединечни корисници на нивниот профил.

Овој потег на Мета нема да има особено практично влијание врз користењето на Фејсбук освен што ќе го намали „скролувањето“ во делот „контакти и основни информации“, но може да го промени ставот кон приватноста.

Фејсбук ги воведе овие делови во раните денови на социјалната мрежа кога корисниците беа повеќе подготвени да ги споделат своите почувствителни детали.

Сепак, приватноста е голема грижа денес, а Мета и посвети повеќе внимание во последните години и се посвети на приватни разговори и подобрување на безбедноста. Луѓето денес се помалку склони да споделуваат информации за профили во ера кога онлајн следењето и злоупотребата се премногу чести.

Слични содржини