Инфлација во Аргентина: 10.000 пезоси ќе вредат 10 долари

од Vladimir Zorba

Цените во Аргентина пораснаа толку драматично во последните месеци што владата на слободарскиот претседател Хавиер Мајли беше принудена петкратно да ја зголеми големината на најголемата аргентинска банкнота, а таа сега изнесува 10.000 пезоси, што е околу десет американски долари, пишува Асошиејтед прес.

Централната банка во вчерашното соопштение вети дека ќе им го олесни товарот на многу Аргентинци, буквално, кои мораат да носат огромни торби, понекогаш дури и куфери, со голема сума на готовина за мали трансакции.

Годишната стапка на инфлација во Аргентина во март достигна 287 отсто и е меѓу највисоките во светот.

Новата деноминирана банкнота треба да излезе на улиците следниот месец „за да се олеснат трансакциите меѓу корисниците“, соопшти централната банка.

Во моментов 10.000 пезоси, колку што ќе гласи сметката, официјално вредат 11 американски долари, а на црниот пазар 9 долари.

Во цела Аргентина, готовината, особено банкнотата од 1.000 пезоси, останува најпопуларниот начин на плаќање.

Кога стапи во оптек во 2017 година, банкнотата од 1.000 пезоси имаше вредност од 58 американски долари на црниот пазар. Сега вреди еден долар.

Со оглед на најтешката финансиска криза во Аргентина во последните две децении и нестабилноста што ја предизвика, продавачите ја фаворизираат „готовината“ пред безготовинското плаќање и нудат големи попусти за оние кои плаќаат во готово.

Претседателот Хавиер Мајли дојде на власт како политички аутсајдер минатиот декември, ветувајќи дека ќе ја скроти инфлацијата и ќе го стабилизира пезосот со промена на политиките на претходните левичарски влади, кои печатеа пари за финансирање на јавната потрошувачка.

Но, строгите мерки на штедење на владата на Мајли ги зголемија цените на ниво на САД и Европа, што тешко ги погоди обичните Аргентинци, а за денеска е закажан голем национален штрајк.

Милеи, и покрај високата инфлација, вели дека неговиот план функционира.

Аргентина исто така најавува банкнота од 20.000 пезоси, но подоцна во годината.

Слични содржини