Федералните резерви на САД (ФЕД) објавија оперативна загуба од 77,6 милијарди долари во 2024 година, што претставува втора последователна година во загуба.
Според соопштението на банката во петокот, бројката е намалена во однос на минатогодишната загуба од 114,3 милијарди долари. ФЕД последен пат оствари нето добивка во 2022 година со добивка од 58,8 милијарди долари, јавува AА.
Каматните расходи на банката паднаа на 226,8 милијарди долари минатата година од 281,1 милијарди долари во 2023 година. Приходите од камати исто така паднаа на 158,8 милијарди долари во 2024 година од 174,5 милијарди долари претходната година.
Загубите беа предизвикани од пандемијата „Ковид-19“, која беше на сила во 2020 и 2021 година, проследена со зголемување на каматните стапки во 2022 и 2023 година за да се спречи растечката инфлација.
Референтната каматна стапка беше на историски високи нивоа од пет до 5,50 отсто додека банката не почна да ги намалува каматните стапки во септември минатата година.
Банката во средата, како што се очекуваше, ја задржа референтната каматна стапка во опсег од 4,25 до 4,50 отсто.
Џером Пауел, претседателот на Федералните резерви, исто така предупреди дека неизвесноста е „невообичаено зголемена“ додека администрацијата на Трамп се обидува да спроведе драстични економски промени.