Федерер и Дел Потро со поддршка за Ѓоковиќ по елиминацијата од Индијан Велс

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Индијан Велс, 12 март 2018 (МИА) – Светскиот тенисер број 1, Роџер Федерер верува дека отсуството оставило трага врз Новак Ѓоковиќ, но очекува дека српскиот тенисер ќе биде се подобар.

Ѓоковиќ беше поразен во второто коло на турнирот во Индијан Велс, но Федерер и смета дека тоа се случува, особено по пауза и операција.

– Кога не сте на теренот за повеќе од два месеци, последиците од тоа се гледаат во првиот меч по паузата. Кога така ќе се вратиш на терен, потоа се те вознемирува – брејк поени, израмнување кога водиш со 30:0, те иритира и првиот поен на натпреварот. Новак е се уште во раните фази на враќање и ова е прв натпревар по операцијата. Тој ќе биде се подобро и подобро и тој тоа го знае тоа. Ние сите го знаеме тоа. Беше убаво да се види како повторно игра, изјави Федерер, кој ќе игра вечерва против сонародникот на Ноле – Филип Крајиновиќ.

Враќањето на Новак на теренот, исто така, беше коментирано и од Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, кој има доста искуство со повреди во својата кариера.

– Никогаш не е лесно да се вратиш по пауза и веднаш да играш најдобро што можеш, а сите го очекуваат тоа, особено од Новак. Тој мора да биде ментално силен за да се соочи со сите овие порази на турнирот, како што се во Индијан Велс. Сепак, мислам дека само му треба време да се врати таму каде што припаѓа. Ако неговото тело го дозволи тоа, сè брзо ќе се врати на свое, рече Дел Потро.

Слични содржини