Роџер Федерер е подготвен да учествува на Австралија опен следната недела, иако нема официјален натпревар од ноември. 20-кратниот освојувач на Гренд Слем титули не учествуваше на АТП Купот на почетокот на јануари, поради желбата да помине повеќе време со семејството. Ова покрена прашања за тоа дали 38-годишниот Швајцарец ќе биде во форма, но тој е задоволен од неговата подготовка дома.
„Тренирав долго и засилено во паузата помеѓу сезоните и немав повреди, што е клучно. Минатата недела се прашував дали би бил среќен да одам во Австралија, затоа што би можел да останам дома, ако сакав. Но, среќен сум што одам во Мелбурн и ја започнувам сезоната таму“, започнаа Швајцарецот.
„Јас сум во форма заради неверојатниот тим околу мене“, рече Федерер, кој повторно е меѓу фаворитите заедно со своите долгогодишните ривали Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.