Федерер неделава ќе одлучи кога ќе се врати на теренот: „Во моментов, ништо не е сигурно“

од Stefanija Kuzmanovska
353 прегледи

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се уште не знае кога ќе се врати на теренот.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња неодамна го прослави својот 40 -ти роденден и јасно е дека годините полека го стигнуваат.

Тој се повлече од Ролан Гарос по три натпревари, и стигна до четвртфиналето на Вимблдон, каде што беше тешко поразен од Хуберт Хуркач.

Ќе ги прескокне Торонто и Синсинати, а прашање е дали ќе игра на УС Опен.

„Се одморив, бев на одмор. Се уште не сум направил ништо поради проблем со коленото. По Вимблдон, морав да се одморам и да ја разгледам ситуацијата. Оваа недела ќе имам состанок со мојот тим и лекарите и ние ќе одлучиме што е најдобро. Во моментов, ништо не е сигурно и се е малку разнишано“, изјави Федерер за„ Блик “.

Како се справува со несигурноста и се што се случува сега?

„Тешко, порано ми беше полесно. Прашањата беа јасни: Каков е пласманот, каде е следниот турнир … денес е поинаку. Се прашувам, кога ќе се вратам на теренот, што можам да постигнам сега , кои се моите цели, како ќе постапувам со моето семејство, што вели мојот тим … се е поинаку отколку пред 10 години“.

Притисокот сепак расте.

„Сега е како бокс. Имам се помалку борби. Фокусот на еден натпревар е далеку поголем. Морав повторно да го научам тоа“, јаснен е Федерер.

Слични содржини